Груевски во лов на инвестиции во Бразил, Аргентина и Мексико

 Владина делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија од вчера престојува во економско-политичка посета на Федеративната Република Бразил, Аргентинската Република и Соединетите Мексикански Држави.

Во состав на владината делегација се и заменикот на претседателот на Владата и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот за привлекување на странски инвестиции, Веле Самак, директорот на Агенцијата за привлекување на странски инвестиции и промоција на извозот, Висар Фида и портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

Во рамките на посетите на земјите, владината делегација ќе присуствува на повеќе организирани бизнис форуми на кои ќе бидат презентирани поволностите и предностите кои Република Македонија ги овозможува на странските инвеститори за отворање и развој на бизнисот.

 

Владината делегација ќе оствари и повеќе поединечни средби со претставници на коморите и компаниите од овие земји кои покажуваат поизразен интерес за разгледување на опциите за инвестиции и за реализација на инвестиции во нашата земја.

 

Во рамките на посетите на земјите, претседателот на Владата, Никола Груевски и членовите на владината делегација, ќе остварат и повеќе политички средби на високо државно ниво со високи претставници и носители на функции од политичкиот живот на Бразил, Аргентина и Мексико. Средбите ќе бидат во функција на продлабочување на односите помеѓу Република Македонија и Бразил, Аргентина и Мексико, нивно интензивирање, разговори во однос на регулирањето на правната основа за овозможување на соработката  во сферите од взаемен интерес, со акцентирање на можностите за зголемување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.

најчитано сега