ММФ го поздрави предвременото отплаќање на долгот

 

Меѓународниот монетарен фонд го поздрави предвременото враќање на кредитната линија за претпазливост за Македонија. 

- Ја поздравувам одлуката на Македонија за предвремено враќање на заостанатите обврски кон Фондот, што го покажува подобрениот пристап на земјата до меѓународните пазари на капитал. Со нетрпение очекуваме продолжување на блискиот и конструктивен дијалог со македонските власти, изјави директорот на ММФ Кристин Лагард.

Република Македонија предвреме ги исплати вкупните заостанати обврски кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во износ од 173,3 милиони долари. Овие обврски произлегуваат од средствата повлечени во рамките на Претпазливата ликвидна линија, одобрена во јануари 2011 година. Според првичниот план, последната рата требаше да се исплати во март 2016 година.

 

 

 

Оцени ја веста

03.03.2015 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега