Словенија најави Закон за електронско гласање на избори
Словенија ќе донесе закон со кој ќе се овозможи електронско гласање, а гласањето преку Интернет за првпат ќе се примени на локалните избори во есента идната година, најави словенечкиот министер за внатрешни работи Грегор Вирант.
Овој начин на гласање, со кој се зголемува учеството на гласачите, на национално ниво ќе се примени за првпат во 2015 година, кога се предвидени следните редовни парламентарни избори.
Носител на проектот за воведување електронско гласање е Министерството за внатрешни работи.