Отворени денови со Управата за имотно правни работи од утре низ сите градови

Управа за имотно правни работи во текот на месец март 2015 година ќе ја спроведе акцијата “Отворено со Управата за имотно правни работи”.

На овој начин сакаме да им излеземе во пресрет на граѓаните преку непосредна комуникација со нашите стручни тимови, да добијат стручна помош за решавање на нивните проблеми од имотно правен карактер, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Акцијата ќе се реализира во просториите на подрачните одделенија на Управата за имотно правни работи ширум Македонија од 08:30 до 17:30 часот почнувајќи од утре во општина Велес, по што следуваат Кавадарци; Ресен; Берово и Делчево; Штип; Радовиш и Струмица; Тетово и Гостивар; Неготино; Куманово; Битола и Демир Хисар; Струга и Дебар; Кратово и Крива Паланка; Центар и Карпош; Охрид; Кочани и Виница; Кисела Вода и Чаир; Кичево и Македонски Брод; Гевгелија и Валандово; Прилеп и Крушево; Гази Баба; Пробиштип; Свети Николе.

 

 

Оцени ја веста

01.03.2015 - 14:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега