Планинарите од „Козјак“ се искачија на Перен

Членовите на спорско-планинарскиот клуб „Козјак“ од Куманово 10-ти пат денеска организирано се искачија на највисокиот врв на планината Козјак.

Меморијалниот марш беше посветен на претседателот Борис Трајковски кој трагично загина на 26 февруари пред единаесет години.

- Вкупно 35 планинари се упатија кон Арбанашко, а завршија и со искачувањето до врвот Перен, највисокиот на Козјак, 1.326 метри. Учесниците на маршот се спуштија во селата Дејловце и Бајловце, минуваат низ маркирана патека, информира секретаротна клубот Мартин Величковски. 

Овој месец, додаде, планинарскиот клуб почнува со организирање планинарска школа за ученици до 15-годишна возраст, како и со работни акции во двата планинарски дома кои се наоѓаат во подножјето на планина Козјак, планинарски домови Длабочица и Караула. 

 

 

Оцени ја веста

01.03.2015 - 14:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега