Специјалистите сакаат трансфер од приватното во јавното здравство

 

Триесет и две апликации од специјалисти ангажирани во приватното здравство се пријавиле на огласот на Министерството за здравство за преземање на здравствени работници во јавното здравство.

Од Министерството информираат дека станува збор за специјалисти од офталмологија, гинекологија, радиологија, педијатрија, оториноларингологија, хирургија.

Министерството за здравство ги разгледува пристигнатите апликации и истовремено е во контакт со јавните здравствени установи за разгледување на можноста за нивно ангажирање во ЈЗУ, согласно потребите. Можноста за преземање е согласно најновите измени на Законот за здравствена заштита.

Како што се наведува во соопштението, Министерството е задоволно од досегашниот покажан интерес на специјалистите и ги охрабрува сите заинтересирани доктори – специјалисти вработени во приватните здравствени установи кои сакаат да преминат да работат во јавните здравствени установи својот интерес преку електронска порака на prezemanje@zdravstvo.gov.mk

Писмото за интерес треба да ги содржи  име и презиме, контакт телефон, е-маил адреса, специјалност, работно искуство како специјалист, како и податок дали досега има работно искуство како специјалист во јавна здравствена установа.

најчитано сега