Во Гевгелија се одбележува Денот на ретки болести

Годинава за прв пат во Гевгелија се одбележува Денот на ретки болести - 28 февруари, со цел да се подигне свесноста меѓу обичните луѓе и оние кои се на раководни функции за ретките болести и нивното влијание во секојдневниот живот на пациентите кои боледуваат од нив.

Според програмата, преку дневните активности кои се одвиваат под мотото „Подадете рака на болните од РЕТКА болест“ ќе се подигне свеста кај луѓето за постоењето на ретките болести, а свеченото одбележување ќе заврши вечер со пригодна културно - забавна програма во салата на Народниот театар.

Се проценува дека во светот живеат 350 милиони луѓе со ретки болести од кои само 5 отсто моментно имаат одобрен третман, а повеќе од 50 отсто немаат фондации, лоби групи и организации кои ќе им помогнат во подигнување на јавната свест и подобрување на пристапот до соодветна грижа и третман.

Одбележувањето на Денот на ретки болести во Гевгелија го организира Асоцијацијата за пулмонална хипертензија „Момент плус“ со подршка на гевгелискиот градоначалник Иван Франгов.

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 13:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега