Во Делчево легализирани 720 дивоизградени објекти

На подрачјето на општина Делчево позитивно се решени 720 барања за легализација на дивоградби, информира Комисија за спроведување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти.

Поголемиот број од вкупно 2.589-те поднесени барања не се поткрепени со соодветна документација, а за 1.300 не се доставени геодетски елаборати. 

Според Комисијата, 15 барања за легализација на бесправно изградени објекти се одбиени.

Комисијата апелира до граѓаните да ги достават геодетските елаборати и останатите документи пред истекот на законскиот рок, 31 декември. 

 

 

Оцени ја веста

28.02.2015 - 12:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега