Заев продолжи да објавува искреирани материјали добиени од странски служби

Зоран Заев продолжи да објавува искреирани материјали кои ги добил во соработка со разузнавачот Зоран Верушевски, странски разузнавачки служби и нивни агентури во земјава.  

Ниту денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на која ја презентираше петтата “бомба“ не помина без низа контрадикторности во кои Заев самиот го погази она што го говореше на претходните свои излагања.

Заев, кој на првата прес-конференција тврдеше дека прислушувани биле сите по ред, освен премиерот Никола Груевски и шефот на УБК Сашо Мијалков, денеска во јавноста пушти повеќе искреирани аудио материјали, за кои тврди дека се разговор меѓу премиерот и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Од сето ова, сега произлегува дека всушност Груевски бил најприслушуван, со што повторно се поставува прашањето како е можно Груевски самиот себеси да се прислушува, исто како и првиот човек на УБК, Сашо Мијалков? Заев повторно потврди дека Груевски бил прислушуван од странски центри, бидејќи нема никаква логика разговорите да се снимени по наредба на самиот премиер или шеф на УБК.

Заев на денешната прес-конференција  пушти искреиран материјал во кој според него Груевски бара од министерот Јанакиески да обезбеди почитување на законот во сите општини, без разлика на политичка и национална ориентација.

Првиот човек на СДСМ во јавноста пушти креиран материјал во кој според него Груевски изразува сомнеж дека има потплатена судијка, исто како и креиран материјал во кој според него, Груевски му вика на Јанакиески дека Фијат Цановски сам си кажал јавно дека го прекршил законот за градењето на зградата.

Експертите и познавачите велат дека лицемерието на Заев и обидот за манипулација и конструкција се гледа и преку тоа што не се објавуваат и разговорите помеѓу Цановски и судијката Кацарска и помеѓу членови на СДСМ и Фијат. Дополнително, по заканите кон новинарите од пред некој ден, денеска Заев испрати закани и кон амабасадорите, судиите и обвинителите дека поседува материјали за нив.

Кога случајот „Космос“ е во прашање, јавноста е веќе запознаена дека Цановски ги извршуваше градежните работи спротивно на законот и дека мерките за обезбедување на почитување на законот беа донесени согласно законските прописи. Дури и самиот Цановски сам кажа дека го прекршил законот, бидејќи како што рече имало „отстапувања во гаражниот простор, за 1,43 метри од она што стои во основниот проект“.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега