СДСМ и СОРОС се креатори на платеничкото новинарство

СДСМ продолжува да си дава автоголови. Во походот до деструктивно сценарио, кое веќе им беше срушено, прават клучни грешки, наидуваат на потсмев кај јавноста и ја губат и онака разнишаната доверба кај народот. 

Последниот настап на Заев беше скандалозен, со оглед на тоа што тој веднаш направи вештачки поделби на новинарите на професионални и пропагандни медиуми, односно оние медиуми кои се негови неистомисленици. За експертите и познавачите на состојбите во политиката и новинарството, овој потег на Заев беше квалификуван како една од неговите најголеми грешки.

Од друга страна, СДСМ и Зоран Заев во тесна соработка со СОРОС, директно раководат со поголем број на медиуми во Македонија. Изминативе 20 години СОРОС на Владе Милчин дава по 5 до 6 милиони евра на годишно ниво за своите пропагандни медиуми.

Според официјалните и јавно достапни извештаи, за 20 години медиумите кои ги бранат политиките на Бихаќка од СОРОС добиле неверојатни 93 милиони евра.

Со овие пари Милчин, кој е екс-член на високото раководство на СДСМ, финансира медиуми и невладини организации чија главна цел секогаш е да ја напаѓаат владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова беше поткрепено и со изјава на самиот Милчин, кој призна дека има директна контрола на поголем број македонски медиуми.

Од официјалните извештаи, исто така може да се види кои медиуми и уредници добиваат огромна сума на финансии од СОРОС.

Еве дел од медиумите финансирани од СОРОС:

„Слободен печат“ и „ПлусИнфо“ на Бранко Героски

Индиректно е финансиран и порталот „Либертас“ на Ацо Кабранов

Пари од СОРОС добива и А1 Он на екс-новинарите од А1 телевизија, Катерина Цаневска Арсовска и Предраг Петровиќ

„Фокус“ на Јадранка Костова

„Бриф“ на екс-новинарката на А1 и опозициска пратеничка, Ленче Николовска

Овие лица, блиски до опозицијата, земаат огромни суми на пари за да ги бранат интересите од „Бихаќка“. 

Но, СДСМ смета дека јавноста може да се потценува. Македонските граѓани не заборавија дека токму за време на владеењето на СДСМ, кога Радмила Шекеринска беше вицепремиер, се случи најголемата афера во македонското новинарство. Скандалозната афера беше наречена „Фабрика“. Тогаш, на неколку метри од зградата на Владата, во една куќарка, се пишуваа текстови, се уредуваа вести и се креираше перцепција во интерес на СДСМ.

 

За потсетување, со „Фабрика“ раководеше Петар Арсовски и Зоран Јачев од „Транспарентност“ на Слаѓана Тасева.

Дел од оваа афера беа новинари кои до денес работат во интерес на СДСМ како Борјан Јовановски, Горан Теменугов, Сабина Факиќ и Герман Филков, Александар Чомовски.

СДСМ нема кредибилитет да говори на оваа тема. Партијата на Заев нема кредибилитет да зборува за состојбата во македонското новинарство. Нивни функционери имаат заеднички фирми со новинари. Опозициската новинарка Оливера Трајковска и советничката на СДСМ во Град Скопје и висок партиски финционер на опозициската партија, Софија Kуновска се бизнис-ортачки, покажаа информациите од скандалот кој во јануари минатата година го објави весникот ДНЕВНИК.

Новинари блиски до СДСМ, сами признаваат дека покрај СОРОС, тие се финансирани и од Зоран Заев. Тоа го призна јавно новинарот Сашо Ивановски-Политико кој откри и дека Милчин лично бирал кои колумнисти можат да објавуваат колумни на тој портал. 

 СДСМ постави новинари за пратеници и портпароли. Двајца новинари од А1 телевизија станаа народни избраници од опозицијата.

 

Ленче Николовска и Сафет Бишевац беа на пратеничките листи на СДСМ. Се уште постои дилема дали нивните имиња на листа биле трампа за попуст за политичко рекламирање во телевизијата на Велија Рамковски, како што говореше Љубе Бошковски за новинарката Анета Додовска, исто така од А1 телевизија.

КУРИР

 

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 15:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега