Бомбите на Груевски носат подобар живот - премиерот најави нови 2.000 вработувања

Премиерот Никола Груевски денеска објави одлична вест. Тој информираше дека американска компанија од автомобилската индустрија донела одлука за градба на нова фабрика која ќе биде лоцирана во поголем град во северозападна Македонија. Во новата фабрика ќе се вработат од 2.000 до 2.500 лица.

Компанијата, според очекувањата на Владата, ќе ја објави и сама инвестицијата во наредните месец до два.

- Тоа ме радува затоа што во тој дел има потреба од доста вработувања. Ќе имаат квалитетна работна сила, а многу луѓе од тој регион ќе си најдат работа, ќе ги згрижат своите семејства со заработувачка која што ќе ја остваруваат во таа фабрика, рече Груевски по пуштањето во употреба на спортска сала во ОУ „Гоце Делчев“ во село Љубанци, Општина Бутел.

 

 

Оцени ја веста

27.02.2015 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега