Тетовчани бесни - основно училиште прекриено со огромно албанско знаме

Веќе десетина дена големо албанско знаме го покрива новиот објект на основното училиште „Братсво Миѓени“ во тетовската населба Дреновец, пренесува Телма.

Според телевизијата, знамето поставено на „Братство Миѓени“ е истото кое минатата година на 100 годишнината од денот на албанската држава го покри целиот објект на Центарот на култура „Ило Антески Смок“ во Тетово. Според граѓаните, поставувањето на знамето може само да предизвика меѓуетничка нетрпеливост во градот.

Се претпоставува дека знамето е поставено по повод одржување на турнир во мал фудбал во дворот на училиштето, организиран во чест на загинатите припадници на ОНА , пренесува Телма. 

ФОТО: Телма

 

 

најчитано сега