РАСТЕ СКАНДАЛОТ: Верушевски ги прислушувал и Црвенковски и Шеќеринска

Верушевски нарачувал прислушување и на лица од опозицијата. Радмила Шеќеринска и Бранко Црвенковски биле на листата функционери кои биле следени и прислушувани. Според пресудата која ја објавивме денеска, веќе осудениот Зоран Костовски пред Обвинителството признал дека меѓу функционерите за кои добил налог да ги прислушува се наоѓаат и имињата на Бранко Црвенковски и Радмила Шеќеринска. 
Дали Верушевски овие лица ги прислушувал за потребите на странските служби како што и признал Косотвски или пак за нив добил налог од Заев за потребите на внатрепартиските комбинаторики нема информации.
Она што го открива оваа пресуда е  дека од скандалозното сценарио за  преслушување на македонските граѓани не куртулиле ниту највисоките функционери на СДСМ. Индикативно е дека меѓу лицата за кои било нарачано прислушување не е и името на Зоран Заев, што отвора простор за сомнеж дека токму тој му дал налог на Верушевски да му ги обезбеди овие материјали.
Со оваа пресуда паѓа во вода целото сценарио на Заев дека токму државата и владејчката партија преку својата структура ги прислушувала граѓаните. 

Целата пресуда можете да ја погледнете тука

 

 

Оцени ја веста

26.02.2015 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега