"Ги победивме!" -Ердоган гордо прогласи победа над демонстрантите
Синоќа премиерот на Турција Реџеп Таип Ердоган прогласи победа над антивладините демонстранти откако полицијата ги протера од истанбулскиот парк Гези.
- Нашата демократија беше повторно ставена на проба и ние од тоа излеговме како победници, рече Ердоган за што доби и овации.
- Народот и Владата на партијата оневозможија заговор, планиран од предавници и нивни странски соучесници, изјави Ердоган.
- Од сега „нема да имаме никаква толеранција кон луѓе или организации кои спроведуваат насилство“, додаде тој.