Газдите да одлучат дали ќе им се пуши во кафулињата

 

Либералната партија на Ивон Величковски со низа предлог измени на законот за пушење во затворени простории. Тие бараат објектите да бидат физички поделени, односно половина од објектот да биде за пушачи, а втората половина за непушачи. Од ЛП бараат да се дозволи пушењето во затворените простории со соодветни вентилациски уреди. Според партијата, сопствениците сами треба да одлучат дали во нивните објекти ќе се пуши или не.

- За жал немаме намалување на бројот на лица со заболувања како последици од пушењето, второ очигледно е дека забраната влијаеше врз угостителските објекти, врз прометот, а знаеме дека угостителството е значаен дел од нашата економија. Оптимално решени во кое просторот ќе се дели 50-50, или доколку неможе тоа да се реализира, тогаш поголемиот дел од објектот да биде за непушачи, но да има можност пушачите да користат угостителски услуги во самите угостителски објекти, вели Величковски, пренесува Сител. 

Величковски смета дека сите политички субјекти треба да се потрудат ова прашање да се уреди како што е потребно. Според него, измените ќе поттикнат позитивни реакции кај граѓаните.

 

најчитано сега