Прилеп ќе добие нова автобуска станица
Денеска министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ќе присуствува на поставување камен-темелник на нова автобуска станица во општина Прилеп.
Јанакиески ќе присуствува и на свечено пуштање во употреба на новиот патен правец што ќе ги поврзува населените места Десово и Браилово во општина Долнени.