Македонски пратеници на пролетната сесија на ПССЕ во Стразбур

Пратениците од македонското Собрание Александар Николоски, Ермира Мехмети-Деваја и Имер Алиу, учествуваат на редовната пролетна сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, во Стразбур,  Франција.

Свое обраќање на пленарната седница на ПССЕ, ќе имаат претседателот на Германија Јоаким Гаук, премиерот на Грузија Бидзина Иванишвили, премиерот на Романија  Виктор Понта и претседателот на Владата на Андора, Антони Марти, информираат од македонското Собрание.

Пред пратениците во Парламентарното собрание ќе се обратат и министерот за надворешни работи на Андора, Гилберт Сабоја Сунје, во својство на претстедавач со Комитетот на министрите, министерот за надворешни работи на Швајцарија, Дидиер Брукхалтер, како и комесарот за човекови права, Нил Муижниекс, кој ќе го претстави годишниот извештај за 2012 година. 

Теми за кои ќе се расправа на оваа сесија ќе бидат  Пост-мониторинг дијалогот со Турција, насилството врз религиозните заедници, борбата против сексуална злоупотреба на децата, како и рамнотежата меѓу бенефициите и ризиците од нанотехнологијата. 

најчитано сега