Иванов се сретна со потпретседателот на Црногорската Влада-Игор Лукшиќ

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими потпретседателот на Владата и Министер за надворешни работи и евроинтеграции на Црна Гора, Игор Лукшиќ.

На средбата, соговорниците изразиле задоволство од досегашниот развој на односите и соработката меѓу Република Македонија и Црна Гора и беа реафирмирани заедничките стратешки цели, мир и стабилност во регионот и членство во европските и евроатлантските структури.

Претседателот Иванов ја поздрави одличната политичка соработка и континуираните средби на сите нивоа и истовремено потенцираше дека економската соработка, инвестициите и инфраструктурното поврзување меѓу двете земји, како и регионалната соработка и соработката во евроатлантските интеграции, треба да бидат врвни приоритети во натамошните односи меѓу двете земји, се вели во соопштението од Канцеларијата на претседателот.

На средбата било изразено и заемно задоволство од потпишувањето на Протокол за колокација на дипломатско-конзуларните претставништва.

 

 

Оцени ја веста

23.02.2015 - 13:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа