Ќе се зајакнува дијалогот меѓу Владата и граѓанските организации

Заменик-министерот за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска денеска во Охрид ќе ја отвори Националната конференција за структурирање на дијалогот меѓу Владата и граѓанските организации.

- Целта на конференцијата е да се создаде форум за дебата во поширок круг на граѓански организации и други релевантни чинители за дијалогот меѓу граѓанските организации и Владата, со цел да се најдат начини за негово понатамошно структурирање и ефективно зајакнување, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација.

ФОТО: МТВ