Министерот Беџети се сретна со специjалниот известувач на ОН, Франк Ла Ру

 

Министерот за правда Блерим Беџети денеска во Скопје се сретна со специjалниот известувач на Обединетите нации за унапредување и заштита на правото на слободата на мислење и изразување, Франк Ла Ру.

На состанокот кој се одржа во Министерство за правда присуствуваа и претставниците од Канцеларијата на високиот комесар за човекови права на ОН, Марчело Даер и Стиасбјорнсен и од Канцеларијата на постојаниот координатор на ОН во Скопје, Силва Пешиќ.

На средбата, како што соопшти Министерството за правда, преставниците на ОН биле заинтересирани за кривичното дело „говор на омраза“, односно за измените и дополнувањата на Кривичниот законик, за Законот за граѓанска одговорност за клеветата и навредата, за Законот за електронски комуникации и за Законот за пристап до јавни информации.

Во врска со членот 319 од Кривичниот законик, министерот Беџети ја информирал делегацијата дека работната група формирана лично од негова страна, работи постојано и на други измени и дополнувања на Кривичниот законик  според препораките од Совет на  Европа и информацијата на ОН која се однесува на нејаснотијата и непрецизноста на овој член.

Во однос со Законот за пристап до јавни информации министерот за правда рече дека не постојат никакви дилеми околу квалитетот на овој закон и неговата примена во практика за што се согласија и ќленовите на делегацијата.

ФОТО: А1.он

најчитано сега