Метеоролозите носат лоши вести за утре

Новата недела ја започнуваме со дожд во раните утрински часови од понеделник. Но, уште доцна наутро врнежите значително ќе се намалат и ќе има тенденција на нивно престанување. Попладне повремени врнежи се можни само во крајните источни и крајните западни делови од земјата. И понатаму на повисоките планини ќе врне повремен и слаб снег.

Јужното струење ќе услови и релативно висока вредност на минималната температура. Минималната температура ќе има вредност околу 5°С низ поголем дел од населените места, a минимална околу 8°С се очекува во Гевгелискиот крај. На повисоките места минималната температура ќе се „спушти“ до околу 0°С.

Максималната температура ќе има вредност околу 9°С низ котлините во земјава. Во јужниот дел на земјава максималната ќе достигне вредност околу 14°С. На повисоките места максималната температура ќе има вредност околу 2°С во западниот и околу 8°С во источниот регион. 

Во скопската котлина  се очекува облачно време. Врнежи од дожд се очекуваат рано наутро. Минималната температура ќе има вредност околу 5°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 11°С.

 

 

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега