Започна караванот на УМС за прикажување на претставата “Македонска крвава свадба”

Вчера од Охрид започна караванот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ за прикажување на аматерската театарска престава “Македонска крвава свадба”.

ums-svadba

 

Преставата беше одржана во Домот на културата Глигор Прличев, каде што ја проследија на 400- тини љубители на театарската уметност.

УМС на ВМРО-ДПМНЕ преку театарската престава ќе се обиде да ги потсти сите млади луѓе во Република Македонија за историските вредности и културното наследство.

“Особено задоволство ми е што тука вечерва пред охридската публика нема да се престават професионални актери, туку глумци аматери, членови на Унијата на млади сили” изјави Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека овој начин ќе се обидат да го зачуваат културното и историското наследство на Република Македонија, но воедно и да им се оддаде потчит на сите оние кои што ги положиле своите животи за татковината.

Караванот на УМС ќе продолжи и наредната недела во Народниот театар во Штип.

 

 

Оцени ја веста

22.02.2015 - 20:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега