Повеќе дипломирани жени отколку мажи во Македонија

 

 

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2012 година дипломирале 10.392 лица на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи, што е за шест проценти повеќе во однос на 2011 година.

Од вкупниот број дипломирани, 79.8 отсто биле редовни, а 20.2  вонредни студенти. На државните универзитети дипломирале 8.213, а на приватните 2.172.

Во рок дипломирале 42 отсто, а по рокот 58 отсто. Поголем е процентот на дипломирани жени (55.7). 

најчитано сега