Македонските ракометари наградени со 30.000 евра

 

Македонските ракометари до крајот на месецов ќе добијат премија од 30 илјади евра како награда што се пласираа на Европското првенство во Данска идната година.

Ова е одлуката на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија по успешно завршениот квалификациски циклус на репрезентацијата со победите на гостински терен против Швајцарија и во Скопје против Португалија.

- Очекувам дека средствата од 30 илјади евра кои ракометарите ќе ги поделат меѓу себе, да бидат поттик плус за постигнување уште поголеми резултати, изјави претседателот на РФМ Живко Мукаетов.

На денешната седница на УО беше потврдено останувањето на Ивица Обрван на селекторската позиција со напомена дека во следните денови ќе биде дефинирано времетраењето на договорот што треба да биде потпишан од двете страни.

најчитано сега