Помош од 400.000 денари од Општина Карпош за поплавените подрачја

Советот на Општина Карпош денеска одобри 400.000 денари финансиска помош за подрачјата кои настрадаа во поплавите.

- Оваа одлука едногласно беше донесена на денешната 30-та седница на Советот на Карпош со која е одлучено 300.000 денари да бидат издвоени од Буџетот на Општината, а 100.000 денари се донација од советниците од сите советнички групи кои за оваа намена еднократно се откажаа од своите паушали, соопшти Општина Карпош. 

Од Општината претходно беше пратена и  донација во вода за пиење, конзервирана храна и средства за хигиена, кои граѓаните на Карпош ги донираа за поплавените во општината Чешиново-Облешево.

На дневен ред на седницата се усвоени и дваесетина извештаи за реализација на програмите на сите сектори во Општината во текот на минатата 2014 година, а е донесена и одлука за субвенционирање на енергетско ефикасни згради.

На денешната седница е одобрен и кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општината, а советниците изгласаа и објектот во дворот на ООУ „Петар Поп Арсов“ да биде даден на приватен концесионер по економски цени на киријата, кој за возврат ќе изврши целосна реконструкција на градинката.

 

 

Оцени ја веста

20.02.2015 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега