Бидете внимателни: Агресивни гаврани напаѓаат деца во Охрид

Според локалниот портал ohridnews.com, црни агресивни гаврани напаѓаат деца низ Охрид.

Порталот објавува дека охриѓани се жалат веќе неколку дена дека агресивни птици напаѓаат од дрвата спроти полигонот за мали спортови, кај градинката „Јасна Ристеска“ и ОУ „Григор Прличев“. 

Ohridnews за гавраните апелираше и пред неколку дена. Денеска порталот ја продолжува сторијата.

-Изутринава родител со две малолетни деца е најновата „жртва“ на агресивната птица, за која OhridNews извести пред неколку дена.Оние кои секојдневно поминуват оттука тврдат дека гавранот агресивно се однесува без причина и ги напаѓа луѓето кои поминуваат по една од најфрекфентните улици во градот, пишува Ohridnews.

Според охридските ветеринари кои извршиле увид на местото каде најчесто напаѓаат гавраните,  агресивноста на животните може да биде предизвикана од повеќе фактори како наглите климатски промени, чувањето територија и секако човекот.