Водител на Би-Би-Си силувал тинејџерки
Поранешниот радио водител на Би-би-си, 83-годишниот Стјуарт Хол е осуден на 15 месеци затвор за сексуално заведување и насилство врз тинејџерки.
Водителот во текот на судскиот процес ги призна сите 14 сексуални престапи, направени меѓу 1967 и 1985 година.
Би-би-си претходно потврди дека некои од делата за кои му беше судено на Хол се направени во просториите на компанијата.