Конзумирајте лесна храна и пијте повеќе течности - Македонија влегува во жолтата фаза

 

Од утре Македонија влегува во жолтата алертна фаза.

Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи утре и задутре ќе биде сончево и многу топло со температура до 38 степени и УВ индекс 9.

УХМР апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за населението во однос на заштита од директна сончева изложеност, да избегнуваат подолг престој на отворено во периодот од 11 до 16 часот, да се носи лесна и светла облека, да се консумира лесна храна и течности, да се внимава на хигиената на рацете и начинот на подготовка на храната, а хронично болните лица редовно да ја земаат терапијата. 

ФОТО: Таратур

најчитано сега