ВИДЕО: Научете го вашиот миленик да се одѕива на неговото име!

Да одберете име на љубимецот воопшто не е така едноставна и неважна работа како што на прв поглед се чини. А кога ќе ја донесете таа одлука, следниот чекор е како вашиот љубимец наједноставно ќе го прифати името со кое го довикувате. Еве неколку корисни совети.

Препорака на експертите е да името биде звучно и по можност што пократко (како Макс, Рекс, Дак...) и по можност да избегнувате човечки имиња, што е честа појава како во западните земји, така и на овие простори.

Дека овој феномен на учење на миленикот на неговото име не е неважен е и случај кога истиот ќе го смени сопственикот во средина во која го добива своето ново име или ако станува збор за стар миленик кој пронашол нов дом. Секако важен момент е адаптацијата на новиот миленик на сопственикот и целосно новиот амбиент и опкружувањето во кое се изговара поинаку зборот од оној на кој миленикот претходно навикнал, барем тоа така звучи од перспектива на животните.

По изборот на имиња следи учењето

Суштината лежи во учењето и разликувањето на одредени зборови, во овој случај неговото име од сите други зборови кои ги изговара. А за да постигнете да вашиот миленик го испрати погледот во моментот кога ќе го изговорите неговото име морате, тој збор, односно неговото име да го поврзете со одреден поим или предмет на кој на миленикот му е омилен. 

На тој начин, ќе постигнете да со изговарањето на неговото име на вашето куче или маче тоа ќе стане синоним за нешто пријатно што следи - мазење, игра, шетање, омилена играчка и слично. 

На овој начин многу брзо ќе го постигнете посакуваниот ефект, а тоа е да вашиот љубимец се одзива на изговорениот збор, односно на изговорот на неговото име. 

Многу важно е името да го изговорите само еднаш. Во спротивно на животното тоа ќе му изгледа како некакво бесмислено брботење. Ефектот ќе биде уште посилен доколку го изговорите името и го поврзете со некој специфичен звук, плескање, но најважно е да на крајот следи награда. 

Погледнете го видеото:

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 23:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега