Нова победа на Куманово во БИБЛ лигата

 

Екипата на Куманово го победи црногорскиот тим Морнар во натпревар од регионалната кошаркарска Балканска лига (БИБЛ).

На дуелот од 3.коло во „Ц“ групата одигран вечерва во Куманово, нашиот претставник во БИБЛ конкуренцијата, го победи Морнар со 92-84.

До вкупно осмата победа во БИБЛ конкуренцијата, трета во вториот дел од првенството, кумановската екипа стигна со дури со ја предводеа, Урош Луковиќ со учинок од 20 поени и 11 скокови и одличниот Синиша Аврамовски кој покрај 19 поени имаше и 5 асистенции и 4 скокови.

Вториот македонски претставник во БИБЛ лигата, Кожув својот меч од оваа рунда против Рилски спортист на гостински терен во Самоков ќе го одигра на 28 февруари.

Вчера се одигра средбата Крајова – Пеќ 97-75, а попладнево Сигал ја победи Сутјеска со 99-92.

Ц група - табела: Крајова 8 бодови, Куманово 8, Пеќ 8 и Морнар 6.

Д група - табела: Табела: Сигал 8 бодови, Кожув 7 (-1 натпревар помалку), Рилски спортист 6 (-1) и Сутјеска 6.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега