Геј Католиците од Ватикан - папата Фрањо со сите почести ги прими хомосексуалците и лезбејките

 

Геј верниците седеа во дел од публиката резервиран за ВИП гостите, но сепак на листата на официјални во Ватикан, скромно беа наведени како „група на лаици во пратња на чесни сестри“, а не како претставници на организацијата „New Ways Ministry“. 

Во Ватикан денеска се случи преседан: група на американски католици хомосексуалци и лезбејни се примени со сите почести на неделната аудиција кај папата.

Тие не беа ниту гласно најавени, како што обичајот наложува: Кога свештеникот кој чита на листата на гости стигна да ги најави нивните организации само ги „прескокна“, а не ги спомена ниту папата Фрањо.

Дури и вака претставниците на New Ways Ministry беа задоволни.

 

„Ова е знак за промени под влијание на папата Фрањо - рекла сестрата Џенин Гремик, претставничката на организацијата која ги собра католиците хомосексуалци и се бори за заштита на правата на LGBT популацијата.

„Папата Фрањо ми дава надеж“, изјави таа за АП.

„Ова само покажува дека е волен да ги прими назад во средиштето на црквата оние кои се наоѓаат на нејзиниот раб“, заклучува Гремик. 

Неколку месеци по изборите, папата Фрањо, изјави дека не може да им суди на хомосексуалците кои имаат добра воља и го бараат Бога.

 

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 21:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега