МЗТ го доби Работнички во салата Јане Сандански
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го добија 126-тото дерби против градскиот ривал Работнички.
На средбата со која беше комплетирано 13.коло во Првата кошаркарска лига, доиграна вечерва во СЦ „Јане Сандански’’ актуелниот шампион МЗТ Скопје А. го победи Работнички со 78-71.
Предраг самарџиски со „дабл-дабл„ учинок од 20 поени и 11 скокови, беше лидер во победничката екипа, за која по 14 поени постигнаа и Марко Симоновски и Урош Лучиќ , додека Александар Цветковиќ беше стрелец на 11 поени
Ветераните Ѓорѓи Чековски и Тодор Гечевски беа најзабележителните играчи кај тимот на Работнички. Чековски беше најефикасен со 19 поени, а Гечевски покрај 15 поени имаше и 11 скокови. Со по 10 поени, двоцифрени кај гостите беа и Дарко Соколов и Димитар Мираковски
Покрај овој меч денеска се одигра првата средба од 14.коло, меѓу Водњански лисици и Кожув, која заврши со победа на гостите со 100-77 .
Табела: Карпош Соколи 20 бодови, Фени Индустри 20, Работнички 19, МЗТ Скопје А. 19, Куманово 19, Кожув 18, Гоце Делчев 15, Струмица 14 и Водњански лисици 14.
Оцени ја веста
18.02.2015 - 20:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа