ВИДЕО: Заев и Шеќеринска фатени на дело

 

До нас во изминатиот период стигнаа многу документи од различни адреси. На дел од јавноста, претпоставувам и луѓе внатре во институциите им е преку глава од тоа што секојдневно го гледаат. Видоа дека не калкулираме, не се плашиме и дека за разлика од медиумите кои работат под притисок, преку нас ќе ја дознаат правата вистина. Не можеме сите документи да ги искористиме. Има документи. Убаво е да видиме документи. Меѓутоа сме сконцентрирани на она што сакаме да го понудиме на граѓаните – вели Радмила Шеќеринска во интервју направено на 25 март 2014 година, пред одржувањето на претседателските и парламентарни избори, во кое таа тврди дека материјалите ги добиле пред изборите.

На прашањето дали имаат документи за државниот врв, таа одговара дека сите документи се за државниот врв.
-Имате ли бомба – ја прашува новинарката
-Ние имаме – одговара Шекеринска

Зоран Заев на ТВ 24 вести во февруари годинава на прашањето на новинарот кога ги добиле материјалите одговара:
- После изборите го добив материјалот, секако

На кого всушност треба да веруваме? Дали ова е уште една лага на СДСМ која сами си ја разоткриваат?

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега