Аеродром владее со Скопје: МЗТ го преслуша Работнички

 

Кошаркарите на МЗТ Скопје - Аеродром го добија и вториот дерби дуел во Првата кошаркарска лига, откако во СЦ "Јане Сандански„ го совладаа лутиот градскиот ривал Работнички со 78:71

 Во поголемиот дел од првата четвртина Работнички го имаше водството, најголемото од пет разлика во шестата минута (11:6). Но, во наредните четири минути домаќините успеаја да израмнат, а израмнувањето го донесе Симоновски со кош од линијата за три поени 

Вторите десет минути минаа во комплетна доминација на тимот од Аеродром. Избраниците на тренерот Александар Јончески веднаш го презедоа водството, а во 17 минута ја имаа и најголемата предност на натпреварот од 14 коша (35:21). Но, гостите до крајот на првото полувреме успеаја да ја намалат разликата и на полувремето да заминат со негатива од 11 поени (39:28) 

Високата предност на полувремето не беше доволно за мирно второ полувреме. Металците иако имаа водство од десет поени на средина од третиот период 44:34, Работнички до крајот на оваа четвртина успеа да го израмни резултатот на 53:53.

 

На почетокот од последниот период МЗТ Скопје, прво преку Самарџиски, а потоа и со тројката на Синовец повторно направи предност од пет поени (58:53). Оваа предност до 35 минута се зголеми на десет разлика 66:56, по што тренерот на Работнички Марјан Србиновски побара минута одмор за да ги посоветува своите кошаркари. Но, ова не донесе ништо ново во играта на тимот од Градски парк, бидејќи на две минути до крајот на натпреварот домаќините имаа предност од 12 поени (74:62).  Од овој момент беше познато кој ќе излезе како победник од вечното дерби

Најефикасни во победничкиот тим беа Симоновски и Самарџиски со по14 поени, Лучиќ постигна 14 а Цветковиќ натпреварот го заврши со 11 кошеви. Кај работнички најмногу се истакна Гечевски со 17 поени, пред Соколов и Чеховски со по 15 поени. 

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 20:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега