Роналдо е најскапо платен фудбалер во светот

Управата на Реал Мадрид подготвува понуда за својот најдобар играч Кристијано Роналдо, нов петгодишен договор вреден 155 милиони евра.

Во случај португалскиот репрезентативец да ја продолжи соработката со „кралскиот клуб“ ќе има годишна плата од 20 милиони евра, нешто повеќе од Самуел Ето кој игра во Анжи и во моментов е најплатен светски фудбалер.

Според новиот договор Роналдо би имал и 20% поголем процент од маркетиншките зделки. Сегашната распределба е 40% за Роналдо, 40% за Реал и 20% за неговиот менаџер.

Актуелниот договор на Роналдо му истекува во 2015 година, а голем интерес за негов ангажман покажа Монако кој понуди 100 милиона евра за предвремен раскин на договорот.