Груевски се сретна со американскиот амбасадор Бејли
Премиерот Никола Груевски денеска се сретна со новоименуваниот американски амбасадор Џес Бејли.
На средбата, како што соопшти прес-службата на Владата, поздравени се билатералните односи помеѓу двете земји и изразена е посветеност кон нивно континуирано унапредување и продлабочување. Истакната е и определба за интензивирање на соработката во сите сфери од заеднички интерес.
Соговорниците разговарале за реформите што се спроведуваат во Македонија и за актуелната политичка состојба при што премиерот Груевски ја истакнал стратешката определба на државата за интеграција во евроатлантската заедница и за унапредување на стандардите во сите општествени области.
Двајцата соговорници го истакнале и значењето на соработката во областа на мировните мисии во кои учествуваат и македонските мировници под раководство на НАТО.
Разговарано е и за можностите за зголемување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа