Влезниците за мечот Металург-Загреб само 100 денари

 

Во пресрет на последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите на Металург против екипата на ППД Загреб, в петок во продажба ќе бидат пуштени влезници, по пристапна цена од 100 денари.

Продажбата ќе почне в петок, со почеток во 12 часот, во сите продажни салони на ОНЕ, во Скопје и низ Македонија.

Онлајн продажбата веќе тече, а влезниците можете да се купат на www.karti.com.mk.

Средбата Металург – ППД Загреб се игра в недела, 22 февруари, со почеток во 19.00 часот, во СЦ Борис Трајковски.

Вреди да се напомене ова се најефтините билети на Металург во Лигата на шампионите, ако се знае дека претходно блок влезниците беа и 2000 денари.

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 16:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега