Му подметнаа пожар, па сега му го оштетија возилото - драма за поранешниот претседател на Велешкиот суд
Во СВР Велес денеска пријавени се два случаи на оштетувања на возила. Во првиот случај исечени се три гуми на автомобил марка „форд фиеста“, а во вториот случај дупнати се гумите на товарно возило.
Во првиот случај станува збор за автомобилот на поранешниот претседател на Велешкиот суд, Јордан Лазаров, на кој минатата пролет му беше подметнат пожар во возилото кое беше паркирано пред зградата во која живее.
Товарното возило пак е сопственост на 65-годишниот М.Д., а било паркирано на улицата „Лазо Осмаков“.
Портпаролката на СВР Велес, Анита Стојковска изјави дека полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа