Поведена постапка против три лица вработени во Здравствен дом Охрид - еве што направиле

 

Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за „проневера во службата“, со што го оштетиле Буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Охрид за 7.565.302 денари.

- По пријава од Финансиската полиција надлежниот обвинител утврди постоење на основано сомнение, па започна истражна постапка против осомничените, се вели во денешното соопштение од Јавното обвинителство на РМ.

Осомничените во периодот од 2010 до 2014 година подигале готови средства уплатени на име на партиципација од страна на пациентите. Со тоа, го оштетиле Буџетот на ЈЗУ Здравствен дом Охрид за 7.565.302 денари.

Сметајќи дека се исполнети законските основи, надлежниот обвинител до судија на предходна постапка од Основниот суд Охрид поднел и предлог за определување на мерката „притвор“ за двајца од осомничените, а за еден од осомничените мерка „куќен притвор“.​

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега