„Анонимуси“ создадоа страв и параноја на Бихаќка

 

„Македонските анонимуси“ ја разбранија Бихаќка. Вистинска хистерија настана во редовите на партијата која со месеци им се заканува на граѓаните со материјали кои ги нарекува “бомби“.

“Анонимусите“ се заканија дека ќе објават материјали кои Зоран Заев сакал да ги сокрие. Кога и тие од една страна почувствуваа закана, ја почувствуваа паранојата и стравот кои им се вратија како бумеранг.

Но, кои се “Анонимусите“?

Според познавачите на состојбите и експертите во оваа област, постојат три сценарија.

Првото сценарио е дека таканаречените македонски анонимуси се креирани од Зоран Заев и СДСМ, кои на овој начин би сакале да пуштат нелегално стекнати материјали кои се однесуваат на лица од опозицијата, кои не се под директна контрола на Зоран Заев. Ако оваа цел им се исполни, тогаш Заев би вршел дополнителна закана кон овие опозиционери, а објавите и уцените ќе имаат за цел нивна политичка елиминација.

Познавачите предвидуваат дека второто можно сценарио е анонимусите да се продукт на некој од СДСМ, кој е под контрола на Зоран Заев и раководството, но гледа што неговиот лидер прави и како тоа се одразува, па сака да стави крај на сево ова. Третото и за експертите најлогично сценарио е зад овој псевдоним да се потпишуваат странски служби кои на овој начин сакаат да направат уште потензична ситуација. Тие веќе во соработка со опозицискиот лидер на Македонија креираа конфликтност кај народот и влеаја страв со заканите на Заев, но најверојатно е можно да продолжат со ваквото нивно делување преку објави на повеќе начини.

Опозициските портали објавија видео кое е поставено на Јутјуб и преку кое, како што пишуваат, анонимусите испратија закана до Зоран Заев. Сепак, некоординираноста меѓу нив покажа дека медиумите финансирани од СОРОС не се сигурни коe сценарио е вистинското.

Очигледно е дека тие не се доволно информирани од страна на СДСМ и дека Зоран Заев и од нив ја крие вистината. Затоа, овие медиуми панично и нервозно објавуваат разни шпекулации дека се и сешто стои зад оваа група на анонимуси.

Ударната тупаница на СДСМ, Бранко Героски, отворено го покажа стравот од ваквите најави и не можеше да ја сокрие својата нервоза. Тој како што се гледа, не знае за какви материјали станува збор.

-Доколку овие материјали не се објават на таков начин, медиумите со кои раководам нема да ја преземат одговорноста за нивното непосредно објавување, што е казниво според член 151 став 3 од Кривичниот законик на Република Македонија. Исто така, Плусинфо и „Слободен печат“ не можат да преземат одговорноста за изнесување и пронесување навредливи и клеветнички содржини, доколку не се исполнети условите за неказнување експлицитно пропишани во Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета. Во таков случај, медиумите со кои јас раководам ќе ја известат дека се објавени такви материјали, ќе кажат за што и на кого се однесуваат, но нема да ја објават нивната содржина. Истовремено, почитувајќи го правото да се сослуша и другата страна, од засегнатите ќе побараме и ќе објавиме изјави во врска со овие објави, напиша Бранко Героски.

Уредникот на неколку опозициски медиуми, јасно покажа дека не може да го совлада стравот, од материјалите кои лицата зад псевдонимот „Анонимуси“ ќе ги објават. Така се отвори дилемата- „Од што се плаши Бранко Героски“? Што тоа нема да објавува, кога досега целите медиуми му беа исполнети со прес-конференциите на Зоран Заев за “бомбата“.

Останува нејасно што Геровски сака да сокрие, зошто е нервозен и зошто објавувањето на бомбите на СДСМ е законски, а се друго би било незаконски. 

Но, лицата блиски до опозицијата продолжуваат со признанија дека странски служби му дале материјали на Зоран Заев.

Ниту Тито Петковски не се обиде да сокрие дека опозицијата на чело со Заев тесно соработува со странски служби. Дури најде начин и да ја оправда таквата соработка.

-Во битието на кривичното дело што го теретат Заев не може да биде соработка со странски служби ако добивал информации. Кривично дело е ако пренесувал или давал државна тајна, пренесувал доверливи информации на странска служба, рече Петковски во интервју за еден опозициски медиум.

Ниту Стево Пендаровски, кандидатот за претседател на СДСМ, кој убедливо изгуби на изборите, не се спротивстави на соработка со странски служби. Напротив, ги пофали.

-Ако добиете информации од надвор, тоа е за пофалба, рече тој.

Сите овие ликови од опозицијата досега чекаа бомбите да пукнат од Бихаќка и да се разнесат кон јавноста. Но, кога сетоа тоа помина речиси незабележано, тие се уплашија од она што Заев сака да го скрие, а некој друг ќе го објави.

КУРИР

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега