Паѓа нивото на водата во Тиквешкото Езеро

 

Паѓа нивото на водата во Тиквешкото Езеро. Во моментов нивото на езерската вода е на кота од 262,48 метри надморска височина, информираше денеска директорот на Водостопанство „Тиквеш”, Љубе Димов.

Тој нагласи дека редовно се следи состојбата на терен и засега нема опасност од прелевање,  бидејќи хидроцентралата “Тиквеш” интензивно работи и произведува струја со максимален капацитет. 

- Нивото на водата е некаде на истата кота како и минатата година во овој период. Значи  нема потреба од загриженост бидејќи не постои опасност од евентуални излевања, додаде Димов. 

 

 

Оцени ја веста

18.02.2015 - 15:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега