Момчето од порничот со Ким Кардашијан повторно на насловните страници
Вилијам Норвуд, познат како Реј Џеј, објави пет албуми и играше во неколку филмови, но на пошироката публика сепак и е попознат како некогашен дечко и партнер во порничот на старлетата Ким Кардашијан.
Реј Џеј сега повторно заврши на насловните страници откако девојката го претепа по враќањето од вечерно излегување.
Извесна манекенка и креаторка во обид Принсес Лав го нападнала музичарот во хотелската соба во Њу Орлеанс, откако се вратил од излегување и притоа посетил стриптиз клуб.
Бесна што нејзиното момче се забавува со стриптизети, Принсес брутално го нападнала и истепала. Му скршила неколку ребра, има повреден лигамент во колената и исечена усна.
Реј Џеј повикал полиција, па девојката му е уапсена и обвинета за семејно насилство.
-Крвареше на повќе места, а таа врескаше дека ќе го убие. Цел хотел го разбуди, вели припадник на обезбедувањето во хотелот.
Да биде работата почудна, Реј Џеј платил кауција Принцес да излезе од затвор и најави дека ќе и плати и адвокат.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа