За опожарената куќа повторно да биде дом - штипските пожарникари донираат за нивниот колега Стојчевски
Штипските пожарникари донираат за нивниот колега Љупчо Стојчевски од Скопје на кого вчера во пожар му изгоре куќата.
Командирот на ТППЕ-Штип, Кире Патраклев информира дека пожарникарите формирале Координативно тело, кое ќе оствари комуникација со колегите од другите противпожарни служби во земјава со цел да се соберат донации за помош на нивниот колега Стојчевски.
- Не затекна сега да ние пожарникарите спасуваме наш пожарникар. Ние работиме хумана работа да спасуваме луѓе и имот, така што сега сакаме да се вклучиме комплетно во акцијата за донирање на средства, вели Патраклиев.
Штипските пожарникари апелираат граѓаните да бидат хумани кон нивниот колега, бидејќи Стојчевски, како што велат, цели 30 години спасувал туѓи човечки животи и имот. Од штипскиот синдикат на пожарникари кој активно се вклучи во хуманата акција, велат дека веќе имаат собрано одредена сума на парични средства, донации од колеги, граѓани и фирми, а со нејзино дополнување во следниве два дена, истата ќе биде уплатена на жиро сметката во петок.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа