Талибанците отвараат своја политичка канцеларија во Доха
Авганистанските талибанци отвораат своја политичка канцеларија во катарската престолнина Доха, пренесоа светските агенции.
Бирото ќе го олесни почетокот и водењето на авганистанските мировни преговори, посочува катарската телевизија „Ал Џазира“.
За ваква канцеларија се зборуваше уште од 2011 година.
Советот беше формиран од Карзаи на крајот на 2010 година со цел да почнат мировни преговори со бунтовниците, напоменуваат агенциите.