Апелација ја одби жалбата за Томислав Кежаровски

Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, против решението на Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 - Скопје за условен отпуст на осудениот Томислав Кежаровски, донесе решение со кое жалбата се одбива како неоснована.

Апелацискиот суд утврдил дека првостепениот суд правилно постапил кога согласно член 200-203 од Законот за извршување санкции и член 36 од КЗ, го уважил предлогот на Директорот на КПУ Затвор „Скопје“ - Скопје за условен отпуст на осудениот Томислав Кежаровски, и воедо одлучи истиот да се отпушти на ден 18.02.2015 година од понатамошно издржување на казната затвор.

Со тоа, Апелацискиот суд го потврди решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје КОК – УОПК Бр. 3/15 од 21.01.2015 година.

Времето на условен отпуст трае до 27.06.2015 година.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 16:09
Фото: 
новамакедонија

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега