ЕКСКЛУЗИВНО: Каде е министерката Јанкуловска?

Медиумите контролирани од Сорос го допреа дното откако од утринава во континуитет објавуваат вести за наводното „исчезнување“ на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. 

Во своите текстови пишуваат за наводно „бегство“ преку Германија кон Вашингтон и наводно подолго отсуство на Јанкуловска од земјава. Плусинфо „ексклузивно“ дознал а останатите пренесоа дека Јанкулоска ќе биде во САД 3 до 4 месеци.

 

Еве што пишуваа.

Министерката за внатрешни работи Јанкуловска според информации на Пресс24 во следните 3 дена ќе учествува на Самит кој се одржува во Белата Куќа во Вашингтон а кој е посветен на насилниот екстремизам. Домаќин на Самитот е државниот секретар на САД Џон Кери.

Приемот за учесниците ќе биде во Стејт Департментот во салата „Бенџамин Френклин“.

Работниот дел на конференцијата е на 19ти февруари и ќе го води токму Џон Кери во конференциската сала „Луј Хендерсон“.

Обраќање во рамки на првата сесија насловена „Разбирање на насилниот екстремизам во денешницата“ ќе има американскиот претседател Барак Обама.

Во рамки на втората сесија посветена на економските можности за општествата подложни на радикализација и регрутација обраќање ќе има македонската минситерка Јанкулоска.

Во Белата Куќа билатерални средби Јанкуловска ќе има со претставници од Меѓународното биро за дрога и спроведување на законот.

Се очекува министерката да се врати во Скопје на 20ти овој месец по завршувањето на активностите во САД.

Според нашите информации порталите на СДМ го „погрешиле“ дури и конекцискиот лет на Јанкулоска кон Вашингтон. Нашите извори велат дека таа воопшто не летала преку Германија.

Ова е една од серијата вести кои се шират со експресна брзина во медиумите на опозицијата а во кои се содржани голем број лаги и манипулации кои немаат никаква поврзаност со реалноста.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега