Во Тетово работилница „Позитивна листа на лекови и остварување на право на ортопедски помагала“

Раководителките на секторите за контрола и за фармација при Фондот за здравствено осигурување во Силвана Андов и Кристина Тасевска  денеска во објектот на здужението на пензионери во Тетово одржаа работилница на тема „Позитивна листа на лекови и остварување на право на ортопедски помагала“.

Присутните пензионери беа информирани за поволностите и начинот за полесно користење од новите зголемени листи со лекови на позитивната листа, како и проширувањето на правото за користење на ортопедски помагала.

Претставничките од Фондот за здравствено осигурување посочија дека вакви работилници за информирање на пензионерите за новитетите од нивна надлежност годинава ќе се одржат во 30 градови. По завршувањето на нивните излагања тетовските пензионери имаа можност за поставување прашања за сите нејаснотии околу позитивната листа на лекови и правото на ортопедски помагала.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега