Студенски инженерски натпревар

„Студија на случај“ и „Тим дизајн“ се темите и на годинашниот шести студенски инженерски натпревар организиран од Бордот на европски студенти по технологија (БЕСТ). 

На натпреварот ќе се натпреваруваат осум тимови, односно по четири во секоја група, а во секој тим ќе има по четворица студенти.  Користејќи ги своите технички, социјални и комуникациски вештини, студентите во првата категорија „Тим дизајн“ (Team Design), ќе треба да изградат нешто реално кое подоцна ќе биде оценувано, и студии на случај (Case Study), каде тимовите треба да најдат концептуално решение на некој проблем.

Јасмина Чалоска организатор и член на БЕСТ појасни дека натпреварот ќе се одвива во наредните три дена почнувајќи од денеска.

- Денеска ќе има форумската настава на темата „Настани кои би се организирале во иднина и кои би биле придобивките на тие настани за студентите и компаниите“. Утре ќе има студија на случај, а третиот ден тим дизајн. Победниците од двете категории продолжуваат на регионално ниво во мај во Белград, рече Чалоска.

Филип Спасовски член на БЕСТ, информира дека победниците од регионалниот натпревар во Белград ќе се натпреваруваат и на европско ниво во Порто. 

- Настанот  е организиран во цела Европа во 96 локални БЕСТ групи низ 33 земји, а е преземен од студенска организација од Канада, појасни Спасовски.

Според организаторите, натпреварот им овозможува на студентите самостоен развој надвор од факултетот, промоција на инженерството и инженерското образование меѓу студентите, пружајќи им можност за пракса на своето теоретско познавање стекнато за време на академските курсеви, како и промоција на културните разлики помеѓу студентите, зближувајќи студенти од различни европски земји во фазите на натпреварувањето.
 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега