Во Струмица привршува проценката на штетите од поплавата

Поволните временски услови во изминатите денови, Општинската комисија за проценка на штети од поплавите во Струмица ги искористи за теренско утврдување на штетите. Според претседателот на Комисијата, Ацо Ѓоргиев веќе е извршен увид на 95 проценти од вкупно пристигнатите 471 барање.

- И овој пат поплавата нанесе најмногу штета во селото Муртино, од каде пристигнаа 262 барања. Нашата комисија беше и во Сачево каде изврши 86 проценки, во Просениково 74 и во Дабиле изврши проценка на 37 поднесени барања. Овојпат имаме и 12 барања за проценка на штета од 12 правници, рече Ѓоргиев.

Тој истакна дека во наредните денови ќе се изврши комплетна проценка и поединечни пресметки за секој оштетен, а вкупната штета од поплавите ќе биде доставена на Советот на општина Струмица и до второстепената владина комисија за штети.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега