Пандов: Крајно време е државата да го смести Заев во соодветна институција

Трет пат за помалку од две недели опозицискиот лидер Зоран Заев признава дека соработувал со странските служби. Откако сите граѓани ја видоа снимката од кабинетот на премиерот Груевски и го прочитаа писмото кое Заев му го пишувал на Верушевски, вчера, и сам на прес конференција лидерот на СДСМ потврди дека сите материјали со кои располага ги добил од странски служби. Заев објави снимка од телефонски разговор на директорот на ДБК за кој претходно тврдеше дека го вршел снимањето на разговорите и се сплетка во своите лаги. Експертите зачудени прашуваат, до каде ќе одат манипулациите на Заев 

„Самиот себе повеќе пати до сега од почнувањето на аферата си се побива. До сега ни тврдеше дека Мијалков и Груевски не биле прислушувани. Завчера самиот вади снимка во која Мијалков е прислушуван. Како е можно оној кој што прислушува да се прислушува самиот себе. Повторно е тоа ноторна глупост што ја прави Заев“ – вели политичкиот аналитичар Александар Пандов.

За Пандов нема дилема дека снимките на Заев дошле од странство

„Со сигурност ова е странска служба. Дали е грчка или е некоја друга служба, но секако дека е странска служба која што има крајна цела да внесе страв и немир меѓу населението. Ние сме сведоци како секој ден се зголемува тензијата меѓу населението и секој ден е се поделено“ – вели Пандов.

Интересно е што во вчерашните снимки кои ги објави лидерот на СДСМ и покрај бомбастичните најави граѓаните слушнаа само како Мијалков бара од албанскиот коалициски партнер Македонец а не Албанец да го води македонскиот Врховен суд.
Пандов смета дека Заев претставува опасност за сите граѓани на Македонија и дека е крајно време институциите да преземат мерки.

 

„Атмосферата е донесена до тоа ниво како на слобода да имаме сериски убиец а сите ние да сме му потенцијални жртви. Мислам дека е крајно време државата да го преземе она што е до неа и согласно законите и и Уставот, овој десперадос да го смести таму каде што му е местото“ – порачува Пандов

Експертите велат дека освен преку закани Заев нема друг начин за да се експонира во јавноста. Според нив, СДСМ е партија која не е способна да подготви проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните па затоа им остануваат само манипулациите и заканите кои од секогаш биле систем на однесување на Бихаќка.

Системот на дејствување преку сеење страв меѓу граѓаните со години наназад се покажува како промашена стратегија за СДСМ. Тоа го покажуваат сите изборни циклуси во последните 9 години во кои СДСМ губи со убедлива разлика.

 

 

Оцени ја веста

17.02.2015 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега